Search

Џастин Бибер лут на Канје Вест по неговите коментари за Хејли

Џастин Бибер смета дека Канје Вест ја преминал границата со неодамнешните коментари на сметка на неговата сопруга Хејли Бибер.

Поп-ѕвездата (28) му се налути на Канје (45), откако неодамна вербално ја нападна 23-годишната манекенка.

„Џастин е многу заштитнички настроен кон Хејли. Тој е прилично вознемирен од нападот на Канје врз неа, каде кажал навредливи и невистини работи,“ открва извор во разговор со „Ентертејнмент тунајт“.

Хејли беше мета на Канје откако таа ја изрази својата поддршка за модната новинарка на „Вог“, Габриела Карефа-Џонсон, која јавно ја искритикува облеката на Канје, со натпис White Lives Matter.

Џастин сега се дистанцира од Канје и сака да ѝ понуди поддршка на својата сопруга.

„Тој се чувствува како да му бил вистински пријател на Канје и се обидел да се соживее со него во минатото, но ова ја премина границата,“ рече инсајдерот.

Треба да знаете
Последни објави