Search

Вељко Ражнатовиќ откри зошто вториот син ќе го крсти Крстан

Во медиумите одекна веста дека Вељко и неговата изабраничка Богдана чекаат второ дете.

Вељко Ражнатовиќ на необичен начин обелодени во јавноста дека повторно ќе се оствари во улогата на татко. Тој на својот инстаграм-профил сподели снимка од откривањето на полот на бебето.

Имено, семејството и пријателите се собраа во шума, а Вељко со стрела го погоди балонот и откри дека чека момче.

Дали ви реков, бе!, извика Вељко откако балонот ја покажа сината боја.

Вељко под снимката го откри полот на бебето и името на вториот наследник:

Со Божја помош за шест месеци доаѓа Крстан Ражнатовиќ. Им благодарам на Бога и на мојата жена, напиша Вељко.

Младиот боксер откри и зошто на вториот син ќе му го даде името Крстан:

Се чувствувам како и првиот пат, благословен. Му благодарам на Бога. Не можам да ви кажам дека тоа не ми дава ветер во грб, но со сила се раѓаш или не, тоа е просто така. Крстан е посебно старо српско име. Уникатно е, не е често име, што е секако уште подобро за нас, рече Вељко, па додаде и кој прекар го планира за Крстан:

Јас сум Вељко и никогаш не сум имал прекар, па сметам дека и тој нема да има. Крстан е доволно, откри за српски „Телеграф“.

Треба да знаете
Последни објави