Search

Џоли пазарува со ќерката, Пит демантира дека ги тепал децата

Анџелина Џоли излезе со ќерката Вивиен во Лос Анџелес среде судската битка со поранешниот сопруг Бред Пит.

47-годишната актерка беше фотографирана во маркетот „Ласенс“ во средата, еден ден откако Пит ги нарече наводите за злоупотреба целосно невистинити.

Таа на себе има долг бел фустан со проѕирна сива марама преку рамениците.

Некогаш славниот холивудски пар е во жестока правна битка во услови кога Џоли тврди дека пред шест години Пит физички ги нападнал неа и две нивни деца во текот на расправија во приватен авион. Таа исто така тврди дека Пит ја полеал со пиво за време на истата расправија.

Меѓутоа, претставник на Пит за „Холивуд репортер“ во вторникот изјави дека Џоли продолжува да ја повторува, ревидира и одново ја смислува својата верзија на настанот што се случил во 2016 година и притоа додава целосно невистинити информации секојпат кога не успева да го добие она што го сака.

„Нејзината приказна постојано се развива“, додаде тој.

Во вторникот ТМЗ објави дека Анџелина почнала клеветничка кампања против Бред и дека сето ова зело голем данок врз децата, кои ги труе против татко им.

Треба да знаете
Последни објави