Search

Тежок пораз за Трабзон, Јунајтед со пресврт стаса до победа на Кипар

Трабзонспор тимот на македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди доживеа убедлив пораз на гостувањето кај францускиот Монако во Лига Европа со 3:1. Турскиот тим речиси цел меч играше со играч помалку откако Гомез заработи црвен картон во 11-та минута. Веднаш потоа фудбалерот на домашниот тим Бен Једер стапи на сцена. Прво во 14-та погоди за 1:0, а потоа во финишот на првиот дел за 2:0. Дисаси во 55-та зголеми на 3:0, а почесниот погодок за Трабзон беше дело на Бакасеташ во 72 минута.                                                                            Македонскиот репрезентативец Енис Барди во игра влезе во 82-та минута.                          Ференцварош и Монако имаат по 6 бодови, Трабзон и Црвена звезда по три.                                  Во Белград, српскиот првак Црвена звезда со 4:1 против Ференцварош.                              Манчестер јунајтед, славеше со 3:2 на гостувањето кај Омонија на Кипар.„Црвените ѓаволи“ губеа со 1:0 по голот на Ансарифад во 34-та минута. Сепак, во вториот дел англискиот премиерлигаш направи резултатски пресврт. Рашфорд во 53-та и Марсиал десет минути подоцна погодија за 2:1. Во 84-та минута Рашфорд со својот втор гол на мечот најави победа на Јунајтед погодувајќи за 3:1, а во 83-та Панајоту ги постави конечнте 2:3.                                           Реал Сосиедад го совлада Шериф (2:0), за максимални 9 бодови од три меча и лидерска позиција во групата. Втор е Јунајтед со 6, трет Шериф, а Омонија последна со три порази.

Треба да знаете
Последни објави