Search

Македонската фудбалска репрезентација се враќа на МТВ

Последните две средби на македонската фудбалска репрезентација од групата во Ц-дивизијата на Лигата на нации, утре (18 ч.) со Грузија во Тбилиси и в понеделник (20.45 ч.) во Скопје против Бугарија, по подолга пауза ќе бидат емитувани во живо на МТВ.

Веста за љубителите на спортот во земјава ја споделија од спортската редакција на МТВ.  Досега натпреварите беа емитувани на регионалните спортски канали „Арена спорт“ и „Спорт клуб“, каде домашните настапи на Македонија ги слушавме со коментар на македонски јазик. Сепак овие канали не се достапни на целата популација на Македонија, како што е националниот ТВ-сервис.

Пред овие последни мечеви Македонија е второпласирана во групата со седум бода, три помалку од водечката Грузија, која славеше во Скопје убедливо со (0.3).

 

Треба да знаете
Последни објави