Search

Халанд со нов гол влезе во историјата на Премиер лигата

Ерлинг Халанд, го постигна вториот гол за Манчестер сити на гостувањето кај Вулверхемптон, во победата од 3:0. Норвешкиот напаѓач во 16.минута прецизно стрелаше од 18 метри и ја смести топката зад грбот на голманот Жозе Са.

Со овој гол Халанд стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал најмалку по еден гол гол на првите четири гостувања во сезоната.

Од почетокот на сезоната тој постигна гол во Лондон против Вест Хем (два гола), Њукасл, Астон Вила и сега Волвс.

Ова е веќе негов 11. првенствен гол на само седум натпревари, додека за Сити на 10 настапи постигна вкупно 14 гола.

Mечот во Вулверхемптон беше одбележан и по крвничкиот старт на Колинс.

Кон средината на првиот дел, домашниот дефанзивец со отворена копачка го удри Џек Грилиш директо во стомак. Главниот судија оправдано му покажа директен црвен картон, а ланското големо засилување на „граѓаните“ може да биде среќен што не се здоби со посериозна повреда.

Треба да знаете
Последни објави