Search

Барса рутински против Елче, нови два гола за Левандовски

Барселона прокнижи нови бодови во шпанскиот шампионат откако каталонскиот гигант рутински славеше над Елче со 3-0. Дуелот беше решен уште во првото полувреме, но мора да се истакне дека Елче од 12. минута играше со фудбалер помалку, по исклучувањето на Верду поради стартот врз Роберт Левандовски.

Каталонците целосно ја пренесоа играта на противничката половина и беше само прашање на време кога ќе најдат пат до мрежата на гостите. Тоа прв го стори Роберт Левандовски, кој се најде на вистинското место и од непосредна близина донесе радост за домашните навивачи на „Камп Ноу“.

Најубавиот момент на мечот го имаше Мемфис Депај, откако холандскиот ас одлично прими една топка, со вртење се ослободи од дефанзивецот што го чуваше пред да го матира голманот на Елче.

Конечните 3-0 во второто полувреме ги постави Левандовски на местото на Депај, а по осигураната победа тренерот Чави реши да го повлече од игра полскиот голгетер.

Треба да знаете
Последни објави