Конфликтот меѓу Нејмар и Мбапе не е решен, Галтие побара од нив тоа да не го покажуваат јавно

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар се уште е незадоволен од однесувањето на Килијан Мбапе. „Goal.com” пренесува дека фрустрацијата на Бразилецот од однесувањето на Мбапе не исчезнала, но тензијата меѓу играчите не ја загрозува атмосферата во тимот.

И покрај неодамнешниот состанок на кој се обиде да се реши конфликтот меѓу играчите, Нејмар се уште е огорчен што Мбапе стана главен изведувач на пенали во тимот. Бразилецот смета дека Килијан е одговорен за тоа што настанал конфликтот по ова прашање.

Нејмар и Мбапе се во спор од почетокот на сезоната. Првично, Килијан беше фрустриран од зголеменото влијание на 30-годишниот играч во соблекувалната, додека Нејмар се чувствуваше незадоволен од себичното однесување на Французинот на теренот. Тоа се манифестираше на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Јувентус (2:1), кога Мбапе не го проигра Нејмар туку сам ја заврши акцијата и го промаши противничкито гол. Оваа епизода предизвика особена иритација кај Нејмар. Бразилецот се однесува уредно и не го покажува своето незадоволство во соблекувалната. Забележано е дека Серхио Рамос стана негов близок доверлив пријател во последните недели.

Се известува и дека тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие побарал од Мбапе и Нејмар да се однесуваат пред камерите и новинарите како да нема недоразбирања меѓу нив.

ПСЖ утре ќе ги одмери силите со Макаби Хаифа во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави