Интер со три бода се враќа од Плзен, Спортинг го победи Тотенхем

Интер го заборави поразот на стартот од групата „Ц“ против Баерн Минхен, ја запиша првата победа сезонава во Лигата на шампионите откако ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај чешкиот Плзен (0:2).

После многу подобрата игра миланските „нераѕури“ стекнаа предноста во 20 минута преку Един Џеко. За гостите помогна и црвениот картон на Павел Буча во домашната екипа и тоа го искористија за зголемување на позитивата.

Босанецот Џеко овојпат асистираше до холандскиот интернационалец Дензел Дамфрис за поставување на конечниот епилог.

Многу повеќе изненадувања имаше на мечот од групата „Д“ во Лисабон каде Спортинг го пречека Тотенхем и славеше со головите во последните моменти од натпреварот со 2:0.

Мрежите мируваа сè до 90 минута, најпрвин Паулињо ја затресе мрежата на Љорис, а во третата минута од судиското надополнување во листата на стрелците се запиша и Артур Гомеш за втора победа на португалскиот претставник, а прв пораз за играчите на Антонио Конте.

Треба да знаете
Последни објави