(Видео) Неверојатно- навивач пукаше со зоља среде натпревар во Хрватска

Фудбалскиот свет остана шокиран од сцените кои доаѓаат од фудбалски натпревар во Хрватска.

Имено, главна тема на социјалните мрежи е видео кое се појави пред два дена, а снимката е направена на натпревар помеѓу хрватските нисколигаши Плитвице – Соколац.

На видеото снимено од трибината, може да се види како локален навивач истрелува граната во правец на теренот од импровизиран ракетен фрлач, кој наликува на зоља.
Ракетата експлодирала на теренот,но на голема среќа никој од луѓето на теренот не бил повреден.

Шокот да биде уште поголем останатите навивачи аплаудираа и беа воодушевени.
Првиот човек на Плитвице, Милан Јаковљевиќ, се обиде изненадено да го демантира споменатиот настан.

– Не, не е тоа, тоа е нешто друго. Тоа беше порано, мислам, некоја стара снимка. Не знам, мислам дека не е во овој натпревар – вели Јаковљевиќ.

На крајот, во изјава за хрватските медиуми, претседателот на домашната екипа одби да ги осуди случувањата на овој натпревар, инсистирајќи дека тоа не се случило.

Треба да знаете
Последни објави