Search

Без вода корисниците од улицата „Христо Татарчев” крак 23 во Кисела Вода

Прекинато водоснабдување денеска имаат корисниците од улицата „Христо Татарчев” крак 23 во општината Кисела Вода, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што посочуваат од претпријатието, е дефект на приклучна цевка на улицата „Христо Татарчев” 23/бб (во близина на Американ Констракшн).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.

Треба да знаете
Последни објави