Search

Тунижанецот Суси потпиша за Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека постигна целосен договор со тунискиот репрезентативец Мохамед Суси.

– До официјализација на трансферот недостигаат само медицинските прегледи кои ракометарот ќе ги реализира утре по пристигнувањето во Македонија, објави Еурофарм Пелистер.

Клубот во текот на утрешниот ден ќе ги обелодени деталите од соработката со новиот свој член.

Треба да знаете
Последни објави