Search

Претседателот на Партизан: Ние сме единствениот клуб во светот каде кошаркарскиот тим е попопуларен од фудбалскиот

Претседателот на Партизан, Остоја Михајловиќ очекува зголемено внимание на тимот во првата сезона во Евролигата по 2014 година.

– Мислам дека сме единствената кошаркарска екипа во светот која е дел од спортски клуб и има поголема публика од фудбалскиот тим. Сакам да достигнеме рекордна посетеност оваа сезона. Нашата цел е да продадеме над 10.000 сезонски билети. Верувам дека ќе успееме да го направиме ова и да го надминеме рекордот во Евролигата, изјави Михајловиќ.

Партизан доби шанса да игра во елитната Евролига, откако руските екипи добија забрана за настап поради актуелната ситуација со Украина.

Треба да знаете
Последни објави