Search

Кадетите триумфираа на ЕХФ шампионатот и обезбедија настап на СП 2023 и ЕП 2024

Кадетската репрезентација на Македонија оствари голем успех, триумфира на ЕХФ шампионатот кој и донесе настап на две големи натпреварувања во следните две години.

Кадетите во финалето на ЕХФ шампионатот што се играше во Рига, Летонија со пресврт во финишот ја совладаа Швајцарија со 24:22 и обезбедија настап на кадетското Светско првенство во 2023 година и на младинското Европското првенство 2024 година.

Целиот натпревар помина во израмнета игра и голема борба на двете репрезентации, Македонија најголема предност имаше од три гола (13:10, 10:7), додека Швајцарците најчесто беа во водство во второто полувреме.

Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ во финишот, на осум минути до крајот губеа со 20:22, но со головите на Шулески и Димковски израмнија на 22:22. Потоа на 1.10 минута до крајот Димковски погоди за 23:22, а точна на натпреварот стави Карасманакис за титула на ЕХФ шампионатот.

Томислав Димковски со седум гола беше најпрецизен кај Македонија, Александар Петковски даде шест, додека Мирче Калајџиески даде четири гола, додека кај Швајцарците Гино Стенартс беше најдобар со 11 гола.

Треба да знаете
Последни објави