Search

Гол на Миовски, пораз на Абердин

Бојан Миовски повторно постигна гол за Абердин. Македонскиот репрезентативец беше прецизен на домашен терен против Мадервил. Абердин сепак не успеа да извлече поволен резултат, гостите славеа победа 3:2.

Дуелот во Абердин донесе два пресврти. Откако Спитал погоди за Мадервил во 20.минута, Миовски и Хејс со головите во 42. и 47.минита направија пресврт.

Абердин сепак не успеа да ја сочува предноста, за четири минути Мадервил направија предност со головите на Слитери во 52. и Ван Вик во 56.минута.

Абедин по првите три кола во Премиер лигата на Шкотска има една победа и два порази.

Треба да знаете
Последни објави