Search

Фјури го потврди крајот на кариерата

Тајсон Фјури на својот 34. роденден го потврди своето повлекување од професионалниот бокс. Фјури е актуелниот и непоразен светски шампион во супертешка категорија на ВБЦ.

„Кралот на циганите“, го објави ова уште во април кога го победи Дилијан Вајт во борба за титулата на преполниот „Вембли“. Но, после тоа во јуни најави дека ќе се врати во рингот за да се бори со подобриот од мечот Усик-Џошуа за титулата апсолутен светски шампион, а пред некој ден изјави дека би сакал повторно да се бори со Дерек Чисора.

Изгледа по сите нагаѓања решил да стави крај.

-Голема благодарност до сите што со години придонесоа за мојата кариера и по долги и тешки разговори конечно решив да си заминам. На мојот 34-ти роденден велам – среќeн пат, напиша Фјури на социјалните мрежи.

Британецот, чиј прекар е Џипси Кинг, во својата кариера ги победи боксерските великани како Владимир Кличко, Дерек Чисора и Дионте Вајлдер. Во својата професионална кариера, Тајсон Фјури никогаш нема пораз – 33 одржани натпревари, 32 победи и едно реми, со Вајлдер на 1 декември 2018 година. Потоа го победи истиот ривал двапати, во февруари 2020 и октомври 2021 година.

Неговиот последен натпревар беше на 23 април 2022 година, кога го одбрани ВБЦ појасот на Вембли со победата над Вајт.

Времето ќе покаже дали е навистина крај или уште еден маркетиншки трик на Фјури и неговиот тим.

Треба да знаете
Последни објави