Search

Сезоната во Ла Лига почна со изненадување кое Осасуна и го приреди на Севилја

Новата сезона во  шпанската фудбалска Ла Лига почна со изненадувачки резултат, пораз на Севилја на гостувањето против Осасуна од 2:1. Избраниците на тренерот Хулен Лопетеги одиграа под своите можности, не ги искористија шансите што ги создадоа и на крајот претрпеа пораз.

Авилја ја доведе Осасуна во водство по нецели девет минути игра, но Севилја израмни експресно, откако Рафа Мир ја затресе мрежата на домаќините.

Ова беше прва победа на Осасуна на дуелите со Севилја уште од 2013 година.

Треба да знаете
Последни објави