Search

Манчестер јунајтед му порачал на Тен Хаг да ги „намали очекувањата“

Шефовите на Манчестер јунајтед му порачале на новиот менаџер Ерик Тен Хаг да ги намали очекувањата пред стартот на новата сезона, тврди „ЕСПН“, но тој не ги послушал во обид да го подобри расположението во неговиот тим.

„Ѓаволите“ завршија како шести минатата сезона, на 13 поени од место кое води во Лигата на шампионите и фантастични 35 поени зад шампионот Манчестер сити, откако ниту смената на Оле Гунар Солскјер и носењето на Ралф Рангник како привремен тренер не помогна да се крене формата. Токму поради ова, шефовите на клубот сметале дека е подобро да се има „реални“ очекувања и полека да се работи на засилувања, но Холанѓанецот сметал дека таков став не е добар за тимот.

Тој решил да ги охрабрува играчите кои ги наследил, вклучувајќи ги проблематичните од средината на теренот, за да го поправи моралот по мизерната сезона. Според „ЕСПН“, Јунајтед сметале дека изјавите на Рангник дека се потребни „10 засилувања“ за тимот и „операција на отворено срце“ се штетни за клубот, иако и самиот Тен Хаг знаел дека ќе се мачи без засилувања.

Треба да знаете
Последни објави