Search

Бензема, Де Брујне и Куртоа во трка за наградата на УЕФА

Соиграчите од редовите на европскиот фудбалски шампион, Реал Мадрид, Карим Бензема и Тибо Куртоа се најдоа на скратената листа во изборот за најдобар играч на УЕФА за минатата сезона, заедно со ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Брујне, додека на листата немаше место за ниту еден играч од Ливерпул.

Во изборот за најдобар тренер, во конкуренција се тренерот на Реал, Карло Анчелоти заедно со Јирген Клоп од Ливерпул и Пеп Гвардиола од Манчестер сити. Победниците ќе бидат откриени на 25 август во Истанбул при ждрепките за групната фаза во Лигата на шампионите.

Ниту еден од тројцата фудбалери ја немаат освоено наградата, која првпат беше доделена во 2011 (Лионел Меси).

Треба да знаете
Последни објави