Search

Челзи плати 20 милиони евра за тинејџерот Чуквуемека

Англискиот фудбалски прволигаш Челзи потпиша денеска шестгодишен договор со талентираниот Карни Чуквуемека, кој доаѓа од Астон Вила, објавија попладнево двете страни.

Финансиските детали од договорот не се објавени, а британските медиуми наведуваат дека трансферот е вреден 20 милиони евра.

– Многу сум возбуден и едвај чекам да излезам на теренот, да ги запознаам соиграчите и да се обидам да освојувам трофеи со Челзи, изјави 18-годишениот Чуквуемека, кој е четврто засилување на Челзи ова лето.

Чуквуемека минатиот месец го освои Европското првенство до 19 години со репрезентацијата на Англија.

Новата сезона во Премиер лигата стартува овој викенд, а Челзи во премиерното коло игра против Евертон.

Треба да знаете
Последни објави