Search

Нејмар и Бартомеу на суд за измама при неговиот трансфер од Сантос

На фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар, ќе му се суди од 17. до 31. октомври во Барселона поради наводни неправилности при неговиот трансфер од Сантос во Барселона во 2013 година.

Како што дознава агенцијата Франс прес, покрај бразилскиот фудбалер, ќе им се суди и на поранешните претседатели на Барселона, Сандро Росел и Жозеп Марија Бартомеу.

Тие се обвинети за корупција и измама. На Нејмар му се заканува затворска казна од две години и парична казна од 10.000.000 евра.

Тужбата против Нејмар и двајцата поранешни челници на Барселона беше поднесена пред седум години, а сега пресудата и претходното рочиште сигурно ќе се одразат на подготовките на Нејмар за Мундијалот.

Обвинителот побарал Нејмар да биде суспендиран од фудбалот дури пет години, а дополнително бара и отштета во износ од 150.000.000 евра бидејќи сметаат дека биле измамени и дека со склучување на два паралелни договори, таткото на Нејмар ги измамил нив и фудбалскиот клуб Сантос.

„Барселона и играчот ги прекршија правилата на ФИФА и ја нарушија конкуренцијата на трансфер пазарот“, изјавија тужителите во 2016 година.

Доколку Нејмар биде осуден, би можел да биде избркан од фудбалот на подолг период, а сигурно би го пропуштил и Мундијалот доколку според желбата на обвинителите добие одредена забрана за играње фудбал.

Што се однесува до затворот, тој ќе го избегне бидејќи казна затвор до две години во шпанското правосудство може да се избегнат со плаќање дополнителна голема сума на пари на државата.

Треба да знаете
Последни објави