Search

Интер и УЕФА го одбележаа роденденот на Пандев

Горан Пандев денеска полни 39 години, а по повод роденденот на прославениот македонски напаѓач, брзо се јавија Италијанците, но дури и луѓето од УЕФА.

Серија А преку официјалната Фејсбук страна се потсети на Гоче и му го честиташе роденденот, но далеку поспецијална е честитката од страна на клубот во кој ги оствари најголемите успеси.

Пандев беше дел од историскиот тим на Интер кој ја освои триплетата, па клубот од Милано му посвети специјална компилација на фантастичниот напаѓач.

Од друга страна, се јави и УЕФА преку својот германски профил, на кој е споделена една негова незаборавна мајсторија против баварскиот великан Баерн Минхен.

Пандев без никаков сомнеж ја стави Македонија на фудбалската мапа во Италија и Европа во изминатите две децении, а доказ за тоа се и честитките кои денеска ги доби.

Треба да знаете
Последни објави