Search

Обидот за физичка пресметка меѓу Костовски и Апасиев продолжи со вербална на социјалните мрежи

Пратениците Мартин Костовски од СДСМ и Димитар Апасиев од Левица по неуспешниот обид физички да се пресметаат во собраниската сала каде втор ден се расправа за фрнацускиот предлог, продолжија со вербална пресметка на социјалните мрежи. Костовски се пофали дека има здрав ум, бидејќи успеал да се исконтролира во моменти кога била засипан од пцости и навреди од како што вели „невротичниот колега“.

-Безброј навреди, колнења и закани можеби може да ги реши еден нокаут, но тоа на улица не во храмот на демократијата. Агресијата на Апасиев кон мене, е само изблик на неговата немоќ, и ништо повеќе од тоа. Соочен со целосен распад и неуспех на сценаријата за насилно стопирање на европската иднина на државата, на Апасиев не му преостана ништо друго освен да ги пренесе тензиите во Собранието. Лудилото ќе се заборави, ама рационалноста народот ќе ја памети, напишал Костовски на својот Фејсбук профил.

Со статус се јави и Апасиев, употребувајќи жаргонски речник за Костовски нарекувајќи го „сељак“.

-Со сељаците – сељачки. Со интелектуалците – интелектуално, со хаштази, „немој ти на мене“ и „немој мене агресија“, напиша Апасиев на својот профил на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави