Search

Приведени две лица од Ресен, осомничени за предизвикување општа опасност

 Полициски службеници од ОВР Ресен ги лишија од слобода С.К.(34) и О.Б.(47), двајцата од Ресен.
Како што информира МВР, лицата се сомничат дека на 7.03.2022 извршиле кривично дело „предизвикување општа опасност”, со фрлање на експлозивна направа во двор на жител на село Царев Двор, Ресенско.
Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Треба да знаете
Последни објави