Search

Претрес во Куманово, приведен дилер на дрога

Кумановската полиција приведе лице во чиј дом при претрес биле пронајдени и одземени пакувања, хероин, кокаин и марихуана, соопшти денеска МВР.

-Денеска во 16:30 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С. од Куманово. Имено, при претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Куманово, биле пронајдени и одземени седум пакувања дрога и тоа: четири пакувања хероин, две пакувања кокаин и едно пакување марихуана, соопшти полицијата.

Д.С. е приведен во СВР Куманово и известено е основното јавно обвинителство Куманово, а по целосно расчистување на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави