Грчевски ќе го води Бутел и следната сезона

Кристијан Грчевски и следната сезона ќе биде на кормилото на РК Бутел. Клубот нормално сакаше да го задржи стратегот со кој што го постигна најголемиот клупски успех во Суперлигата, па потпиша продолжување на соработката.

„По една успешна сезона, продолжувањето на соработката беше очекувано. Тука сум четири сезони, едноставно сум свој и не би сакал нешто да променам. Клубот секојдневно расте, растат и амбициите. Работиме по добар систем во кој младите се многу застапени во целиот процес, но и поискусните го даваат она што навистина му треба на еден тим – искуството. Целиот спој на младост, искуство, добар тренерски тандем и добра конекција со управата не красат како клуб. Нормално е секоја сезона некој да си оди, да дојде некој друг. Знаеме сите што ни се случи, но успеавме да ги пребродиме сите трагедии. Останувам уште една сезона, која ќе биде многу тешка, бидејќи сите екипи се засилуваат, квалитетни се, ќе биде тешка борба за плеј-оф и излез во Европа. Ќе пробаме да донесеме неколку засилувања, но ништо плус од она што навистина ни треба, –  изјави Грчевски.

Треба да знаете
Последни објави