Search

Перез подготвува ремонт во тимот на Реал Мадрид

Претседателот на актуелниот шпански и европски фудбалски првак Реал Мадрид, Флорентино Перез планира да направи голем ремонт на екипата за новата сезона. Според весникот „Марка“, Перез одлучил да се ослободи од дури девет фудбалери.

Од порано се знаеше дека Марсело, Иско и Герет Бејл си заминуваат од „Сантијаго Бернабеу“, а сега уште шест играчи се очекува за следната сезона да си побараат нови средини.

Резервниот голман Лунин сака да има поголема минутажа, нешто што не може да го добие покрај Тибо Куртоа и затоа следната сезона ќе биде испратен на позајмица. Тој е единствениот играч од прекубројните што нема да биде продаден. Нов клуб ќе треба да си бараат: Лука Јовиќ, Марселино Дијаз, Дани Себалос, Маркос Асенсио и Дани Ваљехо.
Перез очекува највеќе пари да заработи од продажбата на Асенсио кој е проценет на 40 милиони евра и за него интерес пројавуваат неколку премиерлигаши и екипи од Серија А.

Треба да знаете
Последни објави