Search

Ливерпул подготвен да издвои рекордни 85 милиони фунти за Нуњез

Англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул е подготвен да го урне сопствениот рекорд за трансфери на играчи и да плати 85 милини фунти за услугите на напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез, јавија денеска британските медиуми.

Највисоката сума за трансфери што досега ја има платено Ливерпул изнесува 75 милиони фунти, колку што премиерлигашот издвои за доаѓањето на Вирџил ван Дајк во 2018 година од Саутемптон.

Според медиумите, спортскиот директор на Ливерпул, Џулијан Вард веќе почнал преговори со Бенфика за трансфер на уругвајскиот напаѓач, а и самиот Нуњез посакува да се пресели на „Енфилд Роуд”.

Нуњез ја почна кариерата во Пењарол, а во 2020 година од Алмерија дојде во Бенфика и за клубот од Лисабон оваа сезона постигна 34 голови на 41 натпревари.

За Уругваецот се заинтересирани и Манчестер јунајтед и Атлетико Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави