Глазгов домаќин на Били Џин Кинг купот

Финалето на Били Џин Кинг купот за тенисерки ќе се одржи од 8 до 13 ноември во Глазгов, објави денеска Меѓународната тениска федерација (ИТФ).

Тенисерките ќе се натпреваруваат во „Емирејтс Арена”, а покрај домаќинот Велика Британија, на турнирот ќе учествуваат и селекциите на Австралија, Белгија, Канада, Чешка, Италија, Казахстан, Полска, Шпанија, Словачка, Швајцарија и САД.

Репрезентациите ќе бидат поделени во четири групи, а во полуфиналето на поранешниот ФЕД куп ќе се пласираат само победниците во групната фаза.

Ова ќе биде четврти пат најголемото меѓународно женско тениско натпреварување да се одржи во Велика Британија.

Треба да знаете
Последни објави