Чурлинов: Првото место во групата е нашата цел

Македонската фудбалска репрезентација в четврток во рамки на 3. коло во групата 4 од сементот Ц во Лигата на нации, го пречекува лидерот Грузија. Шанса со триумф да направи рокада на табелата.

– Веруваме во нашите квалитети, знаеме дека Грузија е сериозен противник, но ако ги одработиме задачите кои ни се зададени од селекторот мислам дека нема да имаме проблеми во четврток. Последните два натпревари беа од друг тип, не мислам дека нивото ни беше ниско, туку натпреварите се малку поинакви кога играш против позатворени противници и сѐ што гледаш е само да земеш три бода.  Целта е да се заврши на првото место, тоа е најбитно во моментов. Но, сега во глава ни е само мечот со Грузија. Не мислам дека само овој меч е клучен, секој меч е клучен и на секој меч треба да се победи и да се освојат три бода – вели Дарко Чурлинов, напаѓачот на Штутгарт кој минатата сезона ја помина на позајмица во Шалке.

Треба да знаете
Последни објави