Чуамени доаѓа во Реал за 100 милиони евра

Шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид постигна денеска начелен договор со францускиот прволигаш Монако за трансфер на играчот за врска Орилиен Чуамени за што Кралскиот клуб ќе плати обесштетување од 100 милиони евра.

За Чуамени беа заинтересирани и Манчестер јунајтед, Ливерпул и ПСЖ, но тој одлучи да го одбере Реал, јави „Атлетик”.

Чуамени беше клучен играч сезонава во составот на Монако, кој заврши третопласиран, а обезбеди и стандардно место во репрезентацијата на Франција.

Во Монако дојде во 2020 година од младинската академија на Бордо.

Треба да знаете
Последни објави