Ц.звезда и Партизан добиле понуда да настапуваат во ВТБ лигата

Годинашните финалисти во регионалната кошаркарска АБА-лига, српските ривали Црвена звезда и Партизан добиле понуда да се преселат со настапите ВТБ лигата во која се натпреваруваат екипи од Русија, Белорусија и Казахстан, а до пред почетокот на руската инвазија над Украина играа тимови на Полска и Естонија.

Според информацијата белградските тимови сеуште се немаат произнесено по понудата. Ако прифатат да бидат дел од оваа лига градските ривали ќе имаат голема финансиска корист од учеството во Лигата со оглед на тоа што и двата тима немаат трајна лиценца за настап во Евролигата.

Годинава како шампион на АБА лигата, Црвена звезда го задржува правото за настап во Евролигата. Партизан ќе чека вајлд-карта.

Треба да знаете
Последни објави