Кејн од белата точка ја спаси Англија од пораз во Минхен

Германија и Англија во Минхен одиграа нерешено (1-1) во  „европскиот фудбалски класик“ како дел од А групата од новото издание во Лигата на нации. „Панцерите“ поведоа со  голот на Хофман во 50. минута, додека конечните 1:1 ги постави Хари Кејн од пенал во 88. минута.

Италија стигна до првата победа во новата сезона од Лигата на нации откако славеа на домашен терен над Унгарија со 2:1. Италија поведе со 1:0 со голот на Барела во 30. минута. До крајот на првиот дел Италијанците стигнаа и до 2:0 со голот на Пелегрини во 45. минута.

Во вториот дел Унгарците успеаја само да го ублажат поразот (2:1) со автоголот на Манчини во 61. минута.

Во останатите мечеви кои се одиграа денеска: Фарски О. – Луксембург 0:1, Литванија – Турција 0:6 и Босна и Херцеговина – Романија 1:0.

Треба да знаете
Последни објави