Ибрахимовиќ нема намера да стави крај на богатата кариера

Шведскиот фудбалски интернационалец Златан Ибрахимовиќ ја освои титулата во италијанската Серија А со Милан, а по тешката, но трофејна сезона мораше да оди на операција, поради што нема да може да игра фудбал дури осум месеци. Веднаш се појавија шпекулации дека Ибра-гол кој има шполни 40 години ќе ја заврши кариерата, но се огласи искусниот интернаципоналец да соопшти дека има намера да го продолжи договорот со Милан на уште една сезона.

Раководството на Милан е подготвено да му понуди нов договор, а наскоро ќе почнат преговорите меѓу двете страни.

Ибрахимовиќ ќе добие помала плата од сегашната, а притоа ќе добие бонус за голови и асистенции, додека по пензијата сака да стане амбасадор на Милан, но очигледно нема да запре со фудбалот пред неговата 41. година.

Треба да знаете
Последни објави