Search

Федерер ги засени Ѓоковиќ и Надал на „Филип Шатрие“

Француската тениска публика уште еднаш покажа колку им недостасува швајцарската ѕвезда Роџер Федерер. Навивачите на стадионот „Филип Шатрие“ каде се играат мечевите од тенискиот гренд слем турнир Ролан Гарос со силен аплауз го поздравија видео обраќањето на Федерер, кое го имаше за време на свечената церемонија приредена за францускиот тенисер Жо Вилфред Цонга, кој се прости од „белиот спорт“ со активно играње. Искусниот Французин (37 г.) се прости од активното играње тенис во солзи на очите, а преку видео обраќање свои пораки испратија и најдобрите играчи во „белиот спорт“ во последните децении.

Прв се обрати Енди Мареј, потоа првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, па „кралот“ на црвеницата и рекордер по освоени гренд слем титули (21), Рафаел Надал, но интензитетот на аплаузите од трибините на „Филип Шатрие“ еруптираа кога на големото платно се појави Федерер. Швајцарскиот тениски ветеран поради повреда нема да настапи ниту на турнирот во Париз, а засега нема потврда дали ќе биде подготвен за настап на неофицијалното светско првенство Вимблдон.

Треба да знаете
Последни објави