Search

Баерн ја одреди цената за Левандовски

Полскиот фудбалски интернационалец Роберт Левандовски не сака да го продолжи договорот со герлманскиот првак Баерн Минхен. Гол-мајсторот сака нов предизвик, а како негова следна дестинација се споменува шпанската Барселона.

Шпанска „Марка“ објави дека Левандовски наводно се договорил со каталонскиот гигант, но допрва следат преговори меѓу клубовите, а Баерн за реализирање на трансфер сака да добие 50 милиони евра.

Барселона во моментов има финансиски проблеми. Тоа ја отежнува реализиацијата на тренсферот. Ако сака да има во своите редови врвен голгетер Барселона ќе мора да најде начин за да плати 50 милиони од кои Баерн не се откажува.

Треба да знаете
Последни објави