Search

Бензема се израмни со Раул

Со погодокот во вчерашниот триумф на Реал Мадрид над Леванте од 6-0, францускиот напаѓач Карим Бензема стигна до бројката од 323 голови во дресот на „Кралскиот клуб, израмнувајќи се на второто место на клупската листа со Раул.

Бензема постигна 323 голови на 604 натпревари, додека на Раул му беа потребни 741 натпревари.

На чело на вечната голгетерска листа на мадридски Реал недостижен останува Кристијано Роналдо со 450 голови.

Најдобри стрелци во историјата на Реал Мадрид:

450-Кристијано Роналдо

323 – Карим Бензема, Раул

308-Алфредо Ди Стефано

290 – Сантиљана

242 – Ференц Пушкаш

208 – Уго Санчез.

Треба да знаете
Последни објави