Search

Верстапен побрз од Леклер и Саинц во Мајами

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен имаше одличен старт на трката за Големата награда на Мајами, па ги премине двата возачи на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц.

Верстапен по преземање на водството не им дозволи на ривалите да го преминат, иако проблем му направи „жолтото знаменце“ по судирот на Ландо Норис, кој предвреме ја заврши трката, а тоа му дозволи на Леклер и Саинц да му се приближат.

Леклер даде сè од себе и неколку пати го нападна шампионот, но Верстапен успешно се бранеше, додека Саинц имаше проблеми со Серхио Перез, но сепак го одбрани третото место и се искачи на подиумот.

Веднаш зад оваа четворка завршија двата возачи на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон.

Треба да знаете
Последни објави