Акционери на Ливерпул заинтересирани за Милан

Инвестициската групација „RedBird Capital Partners” изрази голем интерес да го преземе италијанскиот фудбалски гигант Милан.

Изминатите недели се навестуваше дека Милан најверојатно ќе го купи фондот „Investcorp” со седиште во Бахреин, но според информациите кои пристигнуваат од „Сан Сиро”, во игра се вклучи уште еден потенцијален купувач.

Анонимен извор од клубот за италијанските медиуми го потврди извештајот на Скај њуз, кој објави дека „RedBird” доставил бараање до американската инвестициска групација „Elliott” во чија сопственост сега се наоѓа седумкратниот европски првак.

Потенцијалниот купувач на Милан е инвеститор во „Fenway Sports Group,„ кој е сопственик на Ливерпул и на безбол тимот Бостон Ред Сокс.

Треба да знаете
Последни објави