Search

Иџе со второ место во Франција ја почна новата сезона во шампионатот во ридски патеки

По седум години Игор Стефановски – Иџе повторно се натпреварува во рамките од Европскиот шампионат на ридски патеки.

Потсетување дека македонскиот возач двапати го има освоено Европскиот шампионат на ридски патеки во 2014 и 2015 година.

Новата сезона започна во Сен Жан ди Гар во Франција, нашиот Иџе имаше добар почеток завршувајќи на второто место.

„Летечкиот“ Македонец со својот „Хјундаи и30 ТЦР“ запиша време од 5:45,790, пред него беше само Николас Грание од Франција на „Сеат Леон Куп Рејсер“ со резултат 5:45,073.

На третата позиција се најде Миљуоло Антонино од Италија, а четвртопласиран е Хрватот Матија Јуришиќ.

Треба да знаете
Последни објави