Search

Шаќири ќе биде тренер на Шкендија до крајот на сезоната, потоа ќе стане спортски директор

Артим Шаќири на привремена основа до крајот на сезоната ќе седи на тренерското столче на Шкендија, потоа ќе стане дел од раководството, односно спортски директор.

Црвено-црните“ од Тетово вчера се разделија со Бруно Акраповиќ поради слабите резултати оваа сезона.

Денеска веднаш беше именуван неговиот наследник, Артим Шаќири ќе седне на тренерското столче. Овој потег сепак е привремен, легендата на Македонија ќе биде тренер само до крајот на сезоната.

Тој потоа ќе стане дел од раководството, односно ќе ја извршува улогата на спортски директор.

Треба да знаете
Последни објави