Search

Маж освоил 200.000 долари додека неговата сопруга била во тоалет на бензиска пумпа

Брачен пар од Свонси, Америка, застанал со автомобилот до тоалет на бензинска пумпа и освоиле 200.000 долари.

Додека ја чекал сопругата, мажот влегол во продавницата и решил да купи грепка, која му донела добивка од 200.000 долари.

Инаку, ливчето што го изгребал чинело пет долари.

„Не знаевме што да мислиме. Беше големо изненадување“, рекол сопругот кога го видел шестцифрениот број на грепката.

Парот истакна дека се уште не одлучиле како ќе ги потрошат добиените пари.

Треба да знаете
Последни објави