Search

Се збогати со грабежот на векот, а во казино прокоцка 26 милиони долари за 90 минути

Џо Лоу е контроверзен малезиски бизнисмен кој проневерил приближно 1,4 милијарди долари од 1Malaysia Development Berhad, државен фонд за развој на инфраструктурата на Малезија. Овој грабеж често се нарекува грабеж на векот.

Скандалот што го предизвика на крајот доведе до пад на тогашната малезиска влада, но парите, се разбира, не беа вратени. Бројката од 1,4 милијарди долари, пресезентирана пред судот од агент на ФБИ кој ја следел трагата на парите, како и податоците откриени од него и другите сведоци се навистина шокантни.

Според сведочењето на Кирк Годби, извршен директор на казиното The Venetian во Лас Вегас, Џо Лоу прокоцкал речиси 26 милиони долари за една рунда бакарат, а за тоа му требале само деведесет минути.

„Таа вечер играше со 87 милиони долари и загуби 26 милиони долари“, рече Годби во своето сведочење пред судот минатата недела, додавајќи дека „Големиот азиски Гетсби“, како што го нарекуваат, бил многу екстравагантен гостин.

„Тој имаше необични барања. Сакаше да има диско кугли, подиуми за танцување и диџеи,“ тврди  извршниот директор на казиното.

Случајот во казиното не е единствената приказна за овој контроверзен бегалец од правдата.

Со украдените пари организирал раскошни забави, а на славните личности им плаќал да се дружат со него. Парис Хилтон, Леонардо ди Каприо и Меган Фокс се само дел од ѕвездите кои се најдоа на неговиот платен список.

Секако, не смее да се заборави и манекенката Емили Ратајковски, на која ѝ платил 25.000 долари за да го придружува на „Супербоул“.

Џо Лоу моментално е во бегство, најверојатно во Кина.

Треба да знаете
Последни објави