Search

Жота му закажа полуфинале на Ливерпул против Сити во ФА-купот (ВИДЕО)

Ливерпул го мина Нотингем Форест со триумф од 1-0 во четвртфинале на ФА-купот, па за место во финале ќе се бори против големиот ривал Манчестер сити, со кој водат голема трка и во Премиерлигата за титулата.

Нотингем одлично се бранеше во текот на целиот натпревар, а нивниот отпор го скрши Диого Жота во 78. минута, кога постигна гол за победа од 1-0.

Во првото полуфинале ќе играат Челси и Кристал Палас, додека во второто Ливерпул и Манчестер сити.

Треба да знаете
Последни објави