Почина човекот кој го уби Че Гевара

Боливискиот војник. наредникот Марио Теран, кој во 1967 година го уби кубанскиот револуционер Ернестo Че Гевара, почина на 80-годишна возраст, објави денеска телевизискиот канал „Телесур“.

Теран почина вчера во градот Санта Круз во централна Боливија. Пензионираниот генерал Гери Прадо, кој ја предводеше групата што го зароби Че Гевара пред 54 години, ја потврди веста за смртта на Теран.

Ернесто Че Гевара, аргентински лекар, беше водечка фигура во Кубанската револуција во 1959 година. Откако беше висок функционер во владата на Фидел Кастро, Че Гевара ја напушти Куба во 1965 година за да започне револуции низ Африка и Јужна Америка.

Заробен е на 8 октомври 1967 година во акција на боливиската армија и агенти на американската Централна разузнавачка агенција.

-Тоа беше најлошиот момент во мојот живот. Го видов Че големиот, многу голем. Очите му светкаа интензивно. Почувствував како доаѓа до мене и кога ме погледна воглавата ми се вртеше …”Смири се”, ми рече, “И нишани добро! Ќе убиеш човек!” Потоа направив чекор назад кон вратата, ги затворив очите и пукав, изјави Теран на новинарите за убиството на Че.

Биографите на Гевара рекоа дека неговоит прв истрел ги промашиле градите на револуционерот, но вториот го погодил. Владата на Боливија првично тврдеше дека Гевара починал од раните при престрелката, но подоцна вистината излезе на виделина.

Треба да знаете
Последни објави