Почина човекот кој прв доби срце од генетски модифицирана свиња

Почина првата личност во светот на која и беше извршена трансплантација на срце од генетски модифицирана свиња, пишува Би-Би-Си.

Дејвид Бенет од Мериленд имаше трансплантација на срце на почетокот на јануари оваа година и се чувствуваше добро во последните два месеци.

Неговата состојба почна да се влошува пред неколку дена, изјавија неговите лекари од Балтимор. Дејвид починал вчера.

-Г-дин Бенет ги знаеше ризиците поврзани со операцијата, примајќи на знаење пред процедурата дека станува збор за „истрел во темнина“.

Лекарите од Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд добија специјално ослободување од американскиот медицински регулатор за да ја спроведат процедурата, врз основа на тоа дека г-дин Бенет – кој не беше подобен за човечка трансплантација – инаку би умрел.

Тој веќе беше врзан за кревет шест недели пред операцијата, прикачен на машина која го одржуваше во живот.

Да потсетиме, лекарите од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд на почетокот на јануари оваа година за прв пат во историјата пресадиле човечко срце од генетски модифицирана свиња. Ова е прва успешна трансплантација на свинско срце во човечко суштество.

„Срцето има пулс, тоа создава притисок, тоа е неговото срце“, рече д-р Бартли Грифит по операцијата.

“Тоа функционира и изгледа нормално. Воодушевени сме, но не знаеме што не` чека подоцна. Никој досега не направил вакво нешто”, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави