Search

Шон Пен проговори за глетката на украинската граница

Шон Пен проговори за она што го виде на границата меѓу Полска и Украина.

Оскаровецот неодамна се врати во САД и го сподели своето искуство за бегалската криза во источна Европа.

61-годишниот Пен, кој снима документарец за она што се случува во Украина, изјави за Андерсон Купер 360: „Имавме среќа што можевме да го оставиме изнајменото возило на страната на патот. Бевме ужасени од глетката, од сè она што видовме таму. Во сите автомобили што чекаа во колони долги со километри повеќето беа жени и деца, некои во групи, а некои само мајка и нејзиното дете.“

„Во некои случаи, таткото ги оставаше и се враќаше, затоа што знаеме дека мажите од 18 до 60 години не смеат да ја напуштат земјата, тие мора да останат во отпорот против Русија“.

Шон е изненаден од размерот на бегалската криза имајќи предвид дека повеќе од еден милион луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија.

Треба да знаете
Последни објави