Search

Тотенхем го декласираше Евертон

Во рамките од 28 коло во англиската фудбалска Премиер лига составот на Тотенхем денеска на домашен терен со 5:0 го совлада Евертон.

Играчите на Антонио Конте дојдоа во водство во 14 минута после автоголот на Кин. Само три минути подоцна предност беше зголемена преку Сон Хјунг-Мин после асистенцијата на Кулушевски.

Во 37 минута Кејн се погрижи за 3:0 и веќе по првото полувреме се знаеше кој на крајот ќе ги освои бодовите.

Регилјон исто така се запиша во листата на стрелците на стартот од вториот дел, а конечниот епилог го постави Кулушевски со својот гол на мечот во 56 минута.

Хери Кејн, првата ѕвезда на тимот од „Вајт Харт Лејн“, откако со два гола го надмина легендарниот Тјери Анри и дојде на шестото место на вечната листа на стрелци во најсилното островско натпреварување. Англискиот репрезентативен центарфор сега стигна до 176 гола во Премиерлигата, зад себе оставајќи го Анри на 175, а следен за достигнување му е Франк Лампард, кој е на петтото место на вечната листа со 177 гола. Осум гола му беа аргентинецот Серхио Агуеро со своите 184 гола, а на 11 е третиот Енди Кол со 187 гола. Над 200 гола имаат само засега недопирливата легенда Алан Ширер, кој има 260 гола и екс-англискиот репрезентативец Вејн Руни со 208 гола.

Тотенхем после 14 победа сезонава се наоѓа на седмата позиција со 45 бодови, додека „карамелите“ се на 17 место со 22 бодови.

Треба да знаете
Последни објави