Search

Поранешната свршеница на Арон Картер тврди дека ѝ скршил ребро

Поранешната свршеница на Арон Картер го обвини пејачот дека физички ја нападнал и ѝ скршил ребра, не можејќи да го совлада бесот среде расправија.

Мелани Мартин бара од судот забрана за приближување на хитмејкерот (Crazy Little Party Girl) од кој се раздели во февруари. Ова се случува три месеци откако ја прекинаа врската по раѓањето на нивниот син Принс.

Сега таа го обвинува дека бил насилен за време на караница на 21 февруари.

Во судските документи до кои дојде „Д’ Бласт“ Мелани пишува: „Се скаравме поради тоа што разговарав со друг маж додека бевме раскинати.“

„Ме удри со тупаница во ребра и ме турна. Болката ја почувствував дури неколку дена подоцна“. Во поднесокот има приложено и медицински извештаи кои навидум потврдуваат дека има скршено најмалку едно ребро.

Мелани тврдеше дека 34-годишниот пејач ги исфрлил неа и нивното бебе од неговиот дом во Лос Анџелес. Таа побарала да ѝ дозволи да си ги земе своите работи и облеката од станот, како и тие на бебето.

Мелани, наводно, инсистирала Арон да посетува курсеви за полесно справување со гнев. Одделот за деца и семејни услуги во Лос Анџелес (DCFS) бил вклучен во случајот со цел да осигура дека малиот Принс е безбеден.

Треба да знаете
Последни објави