Search

Ким Кардашијан згрозена од бизарниот спот на Канје

Ким Кардашијан е бесна поради новиот музички спот на Канје Вест за неговиот бренд „Јизи“.

Во неодамна објавеното видео, поранешниот сопруг на Ким, Канје (44) го киднапира и го закопува момчето на Ким, ѕвездата на Saturday Night Live Пит Дејвидсон (28). Спотот беше објавен истиот ден кога судот го одобри нејзиното барање за промена на брачниот статус.

Мaгазинот „Пипл“ цитира извор близок до реалити-ѕвездата. кој открива дека таа е прилично лута и вознемирена. „Таа смета дека видеото е премногу насилно иако е анимација. Навистина се вознемири и сака сето ова да престане“.

Во меѓувреме, 41-годишната Ким неодамна проговори за испадите на Канје, велејќи дека тие ѝ создале емоционален стрес.

Во барањето за развод на бракот таа напиша: „Морам да се разведам. Го замолив Канје да го задржи нашиот развод во тајност, но тој не го стори тоа. Канје споделуваше многу дезинформации во врска со нашите приватни семејни работи на социјалните мрежи што создава емоционален стрес кај мене.“

„Верувам дека судот со тоа што ќе го прекине нашиот брачен статус ќе му помогне на Канје да прифати дека нашиот брак е завршен, и дека треба да тргнеме напред на подобар пат што ќе ни помогне во мирно заедничко родителство по разводот.“

Треба да знаете
Последни објави